Матичниот лекар од Дебар, кој бил во контакт со заразените, во домашна изолација

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Матичниот лекар, кој првично ги прегледал сопружниците од Дебар кои подовна беа позитивни на тестот за коронавирус, се наоѓа во домашна изолација.

Тој бил во контакт со нив, ги прегледал, а потоа двајцата сопружници, кои се вратиле од Италија со автобус, беа тестирани на коронавирус, и резултатите се покажаа како позитивни.

Беше тестиран и возачот на автобусот, кој подоцна уште еднаш бил во Италија, но неговите резултати се негативни.