Матка и паркот во Сарај празни – граѓаните ја сфатија сериозно ситуацијата

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Матка е позната како најфреквентно туристичко место во Скопје. ТВ21 го посети ова место да види каква е таму состојбата сега во време на пандемија. Се што успеавме да видиме таму беа неколку шатки.

Рестораните беа затворени, а немаше и други продавачи. Ова покажува дека граѓаните ги почитуваат владините мерки.

„Матка е многу атрактивна локација за граѓаните на Република Северна Македонија и странските туристи. Но денеска е празна. Ова покажува дека се почитуваат мерките на Владата за спречување на вирусот“, вели репортерот на ТВ21.

Исто беше и во паркот во Сарај. Градоначалникот на Сарај вели дека се почитуваат мерките на Владата и дека нема ниту еден заразен од вирусот до сега во Сарај.

„За среќа до сега нема ниту еден граѓанин од општина Сарај кој е заразен со овој вирус, врз основа на информациите кои ги добивам од надлежните здравствени институции. Општина Сарај спроведе дезинфекција на сите објекти почнувајќи од објектот на општината, основните училишта и средните исто така, верските објекти, фреквентните места, најмногу автобуските станици, улиците итн.“, додава Блерим Беџети

Градоначалникот на општина Сарај апелира до сите селани и жители да ги почитуваат препораките на Владата како и полицискиот час кој е одреден како мерка за спречување на коронавирусот.