Досегашното искуство покажало дека мај е месец на матурски вечери. Не станува збор за скромна вечер бидејќи матурантите трошат многу пари за таа вечер.Оваа година, матурските вечери нема да се одржат поради мерките кои се на сила за спречување на ширењето на Ковид-19. Но дали ќе им недостасува на матурантите овој настан и дали пресметале колку заштедиле?
Дардан Османи вели дека воопшто не му недостасува матура во таа форма како што се била досега, а вели дека заштедил повеќе од 400 евра.
„Не ми недостасува, бидејќи реално од почеток, матурата според класичниот начин на кој се одржуваше, не ми се допаѓа. Подобро би било прошетка со мојата генерација отколку да се одржи матурска вечер. Сега дали сме заштедиле? Да, и тоа многу, имајќи ги предвид сите тие трошоци, можеби немаше да бидат многу но кога ќе ги собереш се многу. Конкретно, можам да кажам некаде 300-400 евра.“, рече Османи.
И матурантката Ана Андреска пресметала дека трошоците за матурска вечер се над 300 евра. Таа со нејзиното одделение не планирале да одат на матурска вечер, туку да организираат патување во странство. Меѓутоа и таа опција пропаѓа поради затворените границите .
Додека матурантите заштедиле, ресторантите трпат загуби. Не знаат точно колкава е загубата, но еден сопственик на скопски ресторант вели дека минатите години имале по 4 до 5 матурски вечери.
„Претходните години имавме 4 до 5 матурски вечери, а годинава не се организираат и многу сме оштетени. 40-50 дена се затворени ресторантите, работилниците ги пуштивме дома, немаме што да им направиме, им исплаќаме платите и тоа е.“, вели сопственик на ресторан.
Вакви настани претходните години се одржуваа и за апсолвенти и полу матуранти.
