Матурскиот испит можно е да не се одржи, ДИЦ го продолжува штрајкот, бараат повисоки плати

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Вработените во ДИЦ најавуваат нов штрајк откако ниту Министерството за финансии ниту МОН не одговорија на нивните барања за покачување на платите. Емилија Бошковска од Синдикатот на ДИЦ соопшти дека доколку не се исполнат нивните барања, можно е да не се одржи матурскиот испит, професионалниот испит за наставници и професионални соработници.

Таа истакна дека ги подготвуваат прашањата за матурскиот испит, но координаторите нема да ги добијат. Бошковска се надева дека нивните барања се да имаат плата како платата на наставник ментор, бидејќи како што рече, нивните плати се за 25% пониски.

Бошковска истакна дека за нивниот проблем не е понудено реално решение, дури рече дека имаат и недостиг од правници.