Во главниот град на Мавританија, Нуакшот, уапсен е засега неименуван човек, кој киднапираше патнички авион на аеродромот „Нуакшот“ и се закануваше дека ќе го разнесе, јави телевизијата Ал-Арабија.
Напаѓачот се закани дека ќе го разнесе авионот на „Мавританија ерлајнс“ доколку службените лица за спроведување на законот преземат нешто против него. Телевизијата прецизира дека во авионот немало патници.
Според локалните медиуми, човекот контактирал со властите на англиски јазик и изјавил дека е Американец.
Голем број припадници на полицијата пристигнаа на аеродромот.
