Маж удрил со автомобил во луѓе во Германија, меѓу повредените сопругата и ќерката

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Најмалку пет лица беа полесно повредени денес кога неименуван 48-годишен маж со Мерцедес се упати кон група луѓе во близина на железничка станица во баварскиот град Пасау, објавија германските медиуми.

Сопругата и ќерката на возачот се меѓу повредените, а „Билд“ наведува дека тие биле семејство од Ирак.

„Сопругата на мажот и нивната петгодишна ќерка исто така биле во групата од петмина.

Првичните интервјуа со сведоците во групата укажуваат на спор за старателство“, изјави портпаролот на локалната полиција, додавајќи дека сè уште не може да потврди дали нападот бил намерен.