Маж влегол во училиште во Сисак, и барал средба со градоначалникот. Се заканил дека е вооружен и дека има бомба.
Сепак, од „Нова“ пренесуваат дека мажот воопшто не бил вооружен, туку само имал осигурувач од бомба.
После неговото предавање, на новинарите се обратил министерот за одбрана, Томо Медцед кој дошол на местото на настанот.
„Полицијата ја работеше својата работа, а личноста се предаде. Деталите ќе ги објави полицијата, кои биле мотивите за ова“, рече Медвед.
Во моментот на влегувањето на мажот и заканите, било евакуирано целото училиште.
Мажот имал 30 години, татко на две деца и син е на загинат хрватски бранител.
