Во пукање во местото „Бежаниска коса“ во Белград, 62-годишен маж пукал во сопругата и во синотм и ги ранил.
Според српските медиуми, жената била малтретирана од сопругот со години. 22-годишниот син бил опериран попладнево, и сега е надвор од животна опасност.
„ Тој ја малтретирал жената подолго време. Поради неговата насилна природа, таа завршила во психијатриска установа. Таа е од Украина, а тој од Сремац. Тој рече дека таа отишла во Украина да се види со семејството, а таа цело време бил во душевна болница поради него “, откри извор запознаен со истрагата.
Се сомнева дека Д.П ја застрелал сопругата, а синот му се испречил и бил застрелан во стомакот . Наводно, Д.П пукал и во својата ќерка, но ја промашил, а потоа се обидел да се самоубие.
