Мбапе му го подари дресот на ривал чија петгодишна ќерка почина пред две недели

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Килијан Мбапе го постигна последниот гол на натпреварот во победата од 4:2 на Пари Сен Жермен против Нант и со него стана рекордер на парискиот клуб.

Младиот Французин го симна Единсон Кавани од врвот на клупската листа на стрелци на сите времиња, откако го постигна својот 201. гол во 247. настап.

Дресот во кој стана рекордер му го подари на играчот на ривалскиот клуб Игнатиус Ганаг.

Според пишувањата на француските медиуми, Мбапе по натпреварот дошол до напаѓачот на Нант, го прегрнал и разменил дресови со него. Ганаго пред две недели доживеа трагедија.

Тој дознал дека неговата петгодишна ќерка е болна и се упатил кон родниот Камерун за да биде со неа. Таа почина пред тој да пристигне.