Мбапе шеста сезона по ред постигнува 10 гола во француската Лига 1

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

 Еден од најдобрите фудбалери на Пари Сен-Жермен, Килијан Мбапе, синоќа на мечот со Брест постигна гол за парижаните. Тој веќе има дадено 10 гола на 19 одиграни натпревари во францускиот шампионат во сезоната 2021/22.

Мбапе двоцифрен ефект по ефикасност остварува шести пат по ред. Ниту еден друг играч не успеал да постигне повеќе од 10 гола во повеќе од три сезони во Лига 1 во овој период од првенството.

Натпреварот со Брест беше од 21. коло и заврши со резултат 2:0.

ПСЖ е лидер на табелата со 50 бода од 21 натпревар. Втора е Ница со 39 исто така од 21 средба, додека Марсеј е трет со 36, но од 19 натпревари.