Копретседателот на ВЛЕН, Изет Меџити, објави дека Арбен Фетаи ќе биде специјален претставник на владата во Брисел, јавува ТВ21. Меџити рече дека ова е причината зошто Фетаи поднел оставка од функцијата вицепремиер за добро управување.
„Даде оставка за да биде назначен за специјален претставник во Брисел, односно да заземе нова функција“, рече Меџити, кој додаде дека коалициските партнери начелно се согласиле за реконструкција на владата, но дека сè уште не седнале да разговараат околу „принципи, ресори“.
