Руските сили на 13 септември извршиле напад во близина на граничниот премин Јаходин, долж границата на Украина со Полска, јавуваат украински и полски медиуми.
Во нападот, според локалните власти, била оштетена и блиската бензинска пумпа.На снимката која беше објавена на повеќе канали на Телеграм и Твитер, се гледаат патници од железничката станица која се наоѓа во близина, кои бегаат од експлозиите.
„Варварските руски напади во близина на украинско-полската граница кај Јаходин не се само продолжение на нападите врз државните граници на Украина, туку теророт на Путин кој тропа на вратите на ЕУ и НАТО“, изјави украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха.
