Меџити изврши увид во работите на кампусот на Универзитетот „Мајка Тереза“: Напредува со добро темпо

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, изврши увид во градежните работи на кампусот на Универзитетот „Мајка Тереза“, кој, како што изјави, претставува важен проект за високото образование. Меџити рече дека работите се одвиваат според предвидената динамика, додека кампусот секој ден сè повеќе го добива својот конечен изглед.

„Кампусот на Универзитетот ‘Мајка Тереза’ е инвестиција во знаење, образование и во иднината на новите генерации. Задоволство е да се види дека овој проект напредува со добро темпо“, изјави Меџити.

Да потсетиме, премиерот Христијан Мицкоски претходно изјави дека вкупната инвестиција за кампусот на УМТ изнесува 42 милиони евра – 40 милиони за изградба, а 2 милиони за надзор.