„Добар или лош, закон е“, изјави Изет Меџити во ClickPlus на ТВ21 кога беше прашан за законот за фер и правична застапеност.
Меѓу другото, Меџити нагласи дека балансерот како статистички механизам станува закон.
„Добар или лош, закон е. За прв пат се донесува закон. Не е идеален, бидејќи не постои идеален закон. Го креваме нивото на третман од ништо што не постоело претходно, од балансер како статистички механизам, го правиме закон. Друго е кога го имате законот пред вас.“, рече Меџити.
