Медот како лек – се помалку квалитет на пазарот, како да се препознае кој е природен?!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Медот е природен производ направен од пчелите од нектарот на цвеќето, кој во последно време е многу баран поради неговите здравствени придобивки. Но, пчеларите често прават трикови за време на производството на овој производ.

ТВ21 разговараше со пчеларот Фуат Јакупи од Тетово.

Триковите кои пчеларите најмногу ги користат е тоа што им даваат течна храна, им даваат шербет, шеќер со вода, а пчелата прку тироидната жлезда и ја произведува како мед. Сега кога разговарам со нив ми велат дека е мед, но тоа не е мед. Затоа сега е тешко да опстоиш како пчелар.

Но, како да се разликува дали медот е квалитетен и природен.

Се помалки квалитетниот има на пазарот. Квалитетен мед имаат тие компании кои се регистриани. Ние Асел го имаме со баркод и секој може да не најде, било да е инспекторатот или муштеријата. Има две варијанти, квалитетот на медот, ако се третираат со лекови кои се канцерогени тогаш медот нема квалитет. Постојат органски начини да се третира пчелата и да се види дали е вистинска, земете чаша вода и истурете мед и ако е оригинална, останува како топка, ако не е се раствора.

За Фуат пчеларството е семејна традиција и со голема страст работи на оваа професија. Тој апелира до надлежните да не се прскаат со отрови од инсекти пред 18 часот, бидејќи пчелите се трујат.

Сега пчеларите вклучија црвен аларм за загадувањето или прскањето што се прави. Овде кај нас нема програмски план за земјоделците кои имаат многу садници,  да имаат план, во 18 часот пчелите влегле, не пчеларот, пчеларот неможе да ги затвори, тие сами влегуваат затоа што ја има свои обврски со медот . Затоа апелирам да прскаат околу 18 часот.

Фуат вели дека да се биде пчелар не е така лесно, бидејќи пчелар може да биде боцкан 10 пати на ден од пчели.