Мега трансфер во македонскиот фудбал: Бесарт Ибраими од Струга ТЛ се врати во Шкендија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Најдобриот стрелец во историјата на Првата фудбалска лига на Македонија, Бесарт Ибраими се врати во редовите на Шкендија.

Трансферот се случува на само три дена пред почетокот на новата сезона во Првата македонска лига, каде Шкендија и Струга ТЛ заедно со Шкупи се главните фаворити за освојување на титулата.

37-годишниот Ибраими беше творец на успехот на Струга ТЛ во изминатите две години, кога се закити со две шампионски титули. Ибраими се враќа на местото каде што ги доживеа најблескавите мигови. За Шкендија играше шест години, од 2015 до 2021 година, и постигна преку 100 голови во настапите за тетовскиот тим.