Меѓуетнички предизборни коалиции, дали се става крај на националистичката реторика? Коментар на Љубчо Георгиевски и Исмет Рамадани

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Меѓуетнички предизборни коалиции, дали се става крај на националистичката реторика?

На оваа тема коментар во дебатната емисија „Click Plus“ на ТВ21 истакнаа поранешниот премиер Љубчо Георгиевски и поранешниот пратеник Исмет Рамадани.

„Многу добро се сеќавам на самите почетоци на македонската демократија. Знам дека во раните 90-ти години тоа беше апстрактен поим, многу тешко беше да се влезе во една таква коалиција“, посочи Георгиевски.

Тој вели дека на тогашното ВМРО-ДПМНЕ му требало околу 5-6 години да направи и да донесе одлука за наредните избори да биде отворена кон коалиција со албански партии.

Поранешниот пратеник Рамадани вели дека тогаш влегле во еден систем со голем ентузијазам.

„Кога почнавме институцијално како и колку можеме видовме дека не било толку лесно. Бевме со еден напон влезени од комунистичкиот систем, во еден друг систем и под виорот на војните во соседството. Секогаш исплашени за иднината, затоа и можеби е реториката која сега ја зборуваме. Ние признаваме дека тогаш не бевме толку рафинирани политичари институционално“, додава Рамадани.