Меѓународен турнир на ФК „Скупи“ – заврши карантинот, децата се вратија на фудбалските терени

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Се подготвуваат за следниот натпревар.

Домаќинот, ФК Скупи  и многу други екипи од цела Македонија се натпреваруваа на меѓународниот фудбалски турнир, седми по ред.

Ова претставува голема радост за децата бидејќи се вратија на игра по долга пауза поради пандемијата со Ковид-19.

„Кога бев во карантин многу ми недостасуваше фудбалот. Сега се вративме“.

Новинар: Како се чувствуваш?

„Многу добро, победивме 2:1“.

„Ја држам централната позиција на теренот“.

Новинар: Зошто сакаш да играш фудбал?

„Ми се допаѓа“.

И другите фудбалери со надеж дека ќе победат и ни раскажаа зошто го одбрале баш овој спорт.

Претседателот на ФК Скупи и организаторот на турнирот, Бедри Салиу, рече дека годинава многу екипи од Турција, Албанија, Бугарија и други земји не можеле да учествуваат поради актуелната состојба со вирусот.

„Ова е меѓународен турнир кој го организираме 7 години по ред, учествуваат од сите балкански земји но и пошироко. Годинава поради ситуацијата со Ковид-19, ниту ние не можеме да одиме на турнирите на кои одиме постојано, како во Барселона Куп, Виена Куп, Измир Куп“, истакна Бедри Салиу.

По повод на 20 годишнината од основањето на ФК Скупи, се организираше традиционалниот турнир за младите генерации, односно деца родени од 2009 и 2012 година. Организаторот Салиу смета дека е позитивно тоа што децата повторно се активни на фудбалските терени.