Два земјотреса со јачина од 5 и 4 степени според Рихтеровата скала денеска го погодија Мексико, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).
Епицентарот на посилниот земјотрес бил на длабочина од 80 километри, во јужниот дел на земјата, недалеку од брегот на Тихиот Океан.
Засега нема информации за повредени лица или за причинета материјална штета.
