Немаше проблеми Мексико да дојде до победата на отворањето на Мундијалот против селекцијата на Јужна Африка. Африканците не покажаа ништо од својот потенцијал на овој меч, а низ целосна доминација еден од домаќините успеа да слави триумф. Задачата им беше олеснета со двата црвени картони кои го добија играчите на Јужна Африка.
Доминацијата на Мексико беше видлива од првиот свиреж, а веќе во 9. минута голема грешка на одбраната на Јуна Африка, и Кињонес успеа да го отвори резултатот, и да донесе голема радост на легендарниот стадион „Ацтека“.
На стартот од вториот дел исклучување за Ситоле, кој направи прекршок како последен играч во одбраната, а тоа им ја олесни задачата на Мексиканците, па така во 67. минута стигнаа до 2-0, со голот со глава на Раул Хименез.
Зване во 83. минута доби црвен картон, со што згаснаа сите надежи на селекцијата на Јужна Африка да го избегне поразот. Мексико исто така заработи црвен картон во втората минута од судиското надополнување, но веќе немаше време африканската селекција да стори нешто повеќе.
