Мексико прв во 1/16 финале, Канада му нанесе катастрофа на Катар

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Селекцијата на Канада оствари убедлива победа од 6-0 над Катар, и со тоа направи огромен чекор кон 1/16 финалето на Светското првенство.

Канаѓаните брзо дојдоа до два гола, а потоа го искористија моментот да играат со играч повеќе, а подоцна и со двајца фудбалери повеќе на теренот.

Ларин во 16. минута донесе предност, па следуваа два гола на Дејвид во 29-тата и во третата минута од судиското надополнување во првиот дел. Потоа Салиба во 64. минута зголеми на 4-0, па автоглот на Ал Манаи за 5-0, и на крај Дејвид со „хет-трик“ ги постави конечните 6-0.

Селекцијата на Мексико сигурно го освои првото место во групата А на Мундијалот, откако ја оствари и втората победа. После триумфот на Јужна Африка, Мексиканците ја совладаа и селекцијата на Јужна Кореја со 1-0, и така се зацврстија на првото место. Триумфот од 1-0 го донесе голот на Ромо во 50. минута.

Вечерва од 21:00 часот играат еден од домаќините САД против Австралија. САД ако победи, тогаш ќе обезбеди пласман во 1/16 финалето.