Меланија пред заминување од Белата куќа ќе прекрши традиција долга 70 години

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Меланија Трамп, со Доналд денеска треба да ја напушти Белата Куќа, а сопругата на актуелниот американски претседател не ја испочитува традицијата долга 70 години, пишува „Си-Ен-Ен“.

Оваа традиција кажува дека актуелната прва дама на заминување треба да ја повика идната прва дама Џил Бајден за да и ја покаже зградата, и двете жени да разговараат за животот во Белата куќа, за да и помогне удобно да се смести пред инаугурацијата.

Прва ваквиот чин го направила Бес Труман, сопругата на Хари Труман кога во педесетите години ја повикала Марни Есенхауер, сопругата на новоизбраниот претседател Двајт Есенхауер. Нејзиниот пример го следеле сите наредни први дами, но не и Меланија.

Меланија во 2017 година беше во ваква посета кај Мишел Обама.