Меланија Трамп за гласањето избра фустан вреден 450.000 денари (ФОТО)

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Првата дама на САД, Меланија Трамп, гласаше рано утрово според локалното време на претседателските избори.

Меланија пристигна на гласачкото место во Палм Бич, Флорида, околу девет часот по локално време.

Таа на изборите дојде во светол фустан без ракави, кој е дел од најновата колекција на еден од најпознатите модни креатори, а според медиумите чини околу 450.000 денари!

Првата дама фустанот го комплетираше со торба со соодветна боја и високи потпетици, кои се нејзин заштитен знак.

Таа дојде на гласање во придружба на нејзините телохранители.

Американските медиуми забележаа дека таа не носи маска без оглед на пандемијата, но додаваат дека сепак ја ставила кога влегла на избирачкото место.