Менкиновски по одлуката за Камчев: На ваков ден, ваква мерка е израз на садизам од страна на институциите

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Адвокатот Тони Менкиновски денеска пред судот истакна дека определен е 30 дневен притвор за Јордан Камчев.

Тој обвини дека живееме во садистичка држава, во која, на ваков ден – Прочка, се определува ваква мерка притвор без никаква основа.

„Живееме во садистичка држава, на ваков ден – Прочка да се определи ваква мерка притвор без никаква основа, може само да биде израз на садизам од страна на институциите на системот. Судските одлуки се почитуваат, но не значи дека треба да се толкуваат“, истакна Менкиновски.

Тој вели дека во утринските часови Камчев бил задржан, односно лишен од слобода поради кривично дело „изборна измама“, а сега има сосема поинакво образложение.

„Од страна на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал, обвинител од Радовиш денес пред судот побара притвор за Камчев, поради некакви индикации од страна на БНБ дека ќе се даде во бегство. Сите мерки во овој предмет, кој трае надвор од законскиот рок за истрага (скоро 30 месеци) каде се уште не е подигнато обвинение. Сите мерки се исполнети, даден е капитал како гаранција, дадени се пасошите и Камчев воопшто не може, и да сака, да ја напушти Македонија“, посочува адвокатот.

За потсетување, судот му одреди притвор од 30 дена на Камчев, а тој со полициска придружба е спроведен во истражниот затвор „Шутка“.