Трите девојчиња, кои повеќе од два месеци го чекаа лекот Калидеко, сега конечно и го добија.
Оваа вест на својот Инстаграм профил ја објави Флора Гаши.

Се работи за лек кој им е неохоходен за да можат да дишат без помош на апарати и слободно да се движат.
Инаку, ТВ21 и претходно известуваше за проблемот со снабдувањето на лекот, а истите вести можете да ги прочитате во продолжение:
- Мерал, Флора и Драгана едвај дишат – чекаат со месеци за лекот кој државата треба да им го обезбеди
- Уште колку ќе се чека за лекот Калидеко? – Филипче не знае до каде е постапката, пациентите чекаат
