Мерко не ја остава Вјоса за УНЕСКО – наместо на средба со претставници од Берн, тој со Османи во Тетово

НАЈНОВИ ВЕСТИ

„Плановите да се спроведат на дело, не само на хартија“, побара претставникот на Бернската конвенција за време на посетата на Охрид и Струга каде одблизу ја виде состојбата со спроведува на препораките на УНЕСКО. Андреј Шовинч отворено им рече на двете општини кои се наоѓаат покрај езерото дека работите не одат како што треба, тој дури беше потресен поради дивоградбите околу езерото, особено во Струга.

„Состојбата во Струга е уште потешка, таму има многу дивоградби, ќе се потрудиме да му објасниме утре на градоначалникот дека според УНЕСКО и Бернската конвенција моѓе да има развој и туризам но без да се загрозува наследството, не може да има масивен туризам по секоја цена. Може да има компромис, но не со овој ритам, ова е катастрофа и не смее да се случува. Во Струга ќе предложиме светското наследство да се менаџира како што треба според препораките“, вели Андреј Шовинч.

Шовинч ова го кажа вчера, но иако планираше да му го каже истото денеска и на градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, него никаде го немаше. Средбата со претставниците на УНЕСКО беше одамна планирана, Мерко сепак повеќе сакаше да отиде во Тетово за да се сретне и фотографира со претседателката на Косово, Вјоса Османи.

Што се однесува до препораките на УНЕСКО за Охрид, Шовинч му рече на градоначалникот дека се е во ред, но само на хартија, а како главна забелешка го наведе мочуриштето кај Студенчишта, дивоградбите долж езерото и неговата заштита. Побараа да се стопира изградбата на пристаниште кај мочуриштето Студенчишта бидејќи во спротивно за две до три години истото ќе исчезне.

„Некој мисли дека доколку се измени законот за заштита, ќе се реши проблемот, но не се решава. Проблемот ќе се реши кога ќе дојде до имплементација на законот, за почеток ќе се направи план, проблем ќе има и во измената на теренот, треба да знаеме дека овој мочурлив регион Студенчишта ќе исчезне за 2-3 години доколку не запре нелегалната урбанизација. Идејата за градба на пристаниште треба да биде одбиена во целост бидејќи е штетно“, додаде Андреј Шовинч.

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков рече дека се обиделе да исполнат некои од препораките од пред 30 години.

Претставници на Бернската конвенција и УНЕСКО четири дена ќе претсојуваат во Охрид и Струга за да видат одблизу каква е состојбата и чекорите кои ги презеле овие две општини, а во ноември ќе

се одржи следната средба за нови препораки и извештај за тоа што е исполнето а што не од 19-те препораки дадени пред неколку години од УНЕСКО.