Мерко со 4-ти мандат како градоначалник на Струга – колку граѓаните се задоволни од неговата работа?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Рамиз Мерко веќе четири мандати е градоначалник на општина Струга.

Колку Мерко работел и колку неговите гласачи се задоволни од сработеното, зборуваат самите стружани.

Мислењата на граѓаните се поделени, некои сметаат дека Мерко не одработил овие 4 мандати, но има и граѓани кои се задоволни.

„Јас од Рамиз Мерко не очекувам ништо, јас сум пензионер од Германија и децата ми се во Германија и Америка“.

Дали го уредил градот, дали го разубавил?

„Да ви кажам право воопшто. Како што ја гледате Струга, воопшто не е добро!“

„Не знам ништо, не сакам да коментирам, состојбата кажува сама за себе“.

“Што се однесува до градоначалникот Рамиз Мерко, работеше многу за Струга, да не беше тој немаше да се изградат овие згради кои се изградени денес на оваа место, кажувам реално без лаги“.

Мерко на последните локални избори го победи противкандидатот за градоначалник на Струга од редовите на АА и ААА, Идри Истрефи.