Алдо Меркоци од Движењето „Мјафт“ за „Клик Плус“ на ТВ21 посочи дека во втората фаза од транформацијата на Тирана дошол нов дојде нов градоначалник, кој имаше поинаков начин и визија како би изгледала Тирана.
„Еди Рама во тоа време беше градоначалник на Тирана, дојде со поинаква енергија и визија која имаше доста влијание врз луѓето. Тие имаа можност да видат, не само преку телевизија, туку и самите да се уверат што правеа другите градови на запад, и со тоа да добијат претстава како би можел да изгледа еден град кој во 2000-тите беше во Западна Европа, што отсекогаш беше нашата ориентација, особено Италија, за работите да ги направиме подобри. Тирана од 2000-тите беше почеток на процесот на метаморфоза за претворање на Тирана од една хаотична метропола во град кој ќе има некаква ориентација“, посочува Меркоци.
Тој додава дека тука почнале првите промени од страна на градоначалникот кој започнал да работи на две главни прашања кои требало да ги објаснат, за да продолжат со текот на настаните кои се нижеа подоцна, односно демолирање на сите киосци кои ја окупираа секоја површина во Тирана.
„Тоа беше првиот чекор за да се каже дека Тирана има потреба да се организира, бидејќи е град со над 200.000 жители и град кој имаше многу енергија, но неконтролирана и неориентирана. Така почна првата ориентација, со расчистување на главните зони, особено во центарот на градот, со цел градот да биде организиран колку-толку“, додава Меркоци.
