Германскиот канцелар Фридрих Мерц, смета дека Самитот на НАТО во Хаг е историски, и дека на него ќе се обезбеди траен мир во Европа за следните генерации.
Пред почетокот на самитот, генералниот секретар Марк Руте му испрати писмо на Трамп во кое ја пофали неговата акција за справување со конфликтот меѓу Израел и Иран.
На Самитот се очекува конечна одлука за во иднина членките да издвојуваат 5% од БДП за одбрана. Многумина од сојузниците се далеку од обврската да трошат 3,5% од БДП за одбрана до 2035 година. Владата на Германија поддржа договор за постигнување на таа цел во следните четири години.
Околу 62,4 милијарди евра ќе бидат потрошени за одбрана оваа година.
