Лионел Меси продолжува да воодушевува и на 39-годишна возраст. Аргентинецот беше главен актер во убедливата победа на Интер Мајами против Монтреал со 7:1, постигнувајќи хет-трик и запишувајќи една асистенција.
Меси директно учествуваше во четири од седумте гола на својот тим, а за својата фантастична игра доби максимална оценка 10.
Во 19 настапи оваа сезона, аргентинскиот фудбалер постигна 17 голови, со што уште еднаш ја потврди одличната форма и покрај напредната возраст.
По 22 одиграни натпревари, Интер Мајами е втор на табелата со 42 бода, додека Меси останува еден од клучните играчи во борбата на тимот за остварување на сезонските цели.
