Меси нема да го напушти ПСЖ до СП 2022 година, тој сака да ја освои Лигата на шампионите со клубот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Напаѓачот Лионел Меси не планира наскоро да го напушти Пари Сен-Жермен.

Аргентинецот има намера да остане во парискиот клуб барем до Светското првенство во Катар, кое ќе се одржи во ноември-декември 2022 година, пренесува шпанска „Marca“.

Покрај тоа, 34-годишниот Аргентинец сака да ја освои Лигата на шампионите со ПСЖ, што е негова главна мотивација за настап за сегашниот тим.

Меси на 12 натпревари во француската фудбалска Лига 1 има постигнато само еден гол. Аргентинецот не игра според очекувањата на навивачите на ПСЖ кои се надеваа на многу подобри изданија од него.