Месиќ: Патот кон ЕУ се пролонгира без потреба, Македонија одамна требаше да биде членка

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Патот кон членството во ЕУ за сите земји од Западен Балкан е пролонгиран без потреба. Македонија одамна мораше да биде членка на Унијата, затоа го повикам претседателот на ЕК да направи се со цел земјите од Западен Балкан што поскоро да станат членки на Унијата – изјави поранешниот хрватски претседател Стипе Месиќ.

Според него, наједноставната порака е исполнувањето на стандардите и условите на ЕУ, за да се забрза членството во ЕУ.

„Сите држави на Западен Балкан треба да бидат дел од ЕУ, а Македонија одамна требаше да биде дел од ЕУ и токму од овде го повикувам претседателот на Европската комисија да направи се што е можно за се вклучат во Унијата и да покаже повеќе емпатија кон граѓаните.“, рече Месиќ.

Претседателот на Македонија, Стево Пендаровски, рече дека добро би било да станеме дел од европскиот пазар за да ги исполниме нашите потреби.

„Ние како држава многу зависиме од увозот на енергијата, добро е пред да станеме членка на ЕУ, да станеме дел од европскиот пазар за да ги исполниме нашите потреби, бидејќи практично минатата година ЕУ многу ни помагаше кога почна руската војна во Украина, во неколку ангажмани кои опфаќаат билатерални релации на европските земји, но и РСМ и ЕУ во целина.“, изјави Пендаровски.

Пендаровски и Месиќ овие коментари ги дадоа во рамките на Енергетскиот македонски форум 2023 панели за енергетска дипломатија, технолошки иновации за енергија и трансформација на енергијата преку локална климатска акција.