Мета: Албанија целосно го поддржува дијалогот меѓу Белград и Приштина, време е за меѓусебно признавање

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Албанскиот претседател Илир Мета на својот профил на Фејсбук, попладнево објави дека за време на посетата на Косово, се сретнал со Мирослав Лајчак, специјален пратеник на ЕУ во дијалогот Белград-Приштина. 

 Како што наведува во објавата, Мета му кажал дека Албанија целосно го поддржува дијалогот меѓу Белград и Приштина и оти е време да се постигне договор за меѓусебно признавање на двете земји. 

-Му кажав дека Албанија целосно го поддржува процесот на дијалог Косово-Србија. Исто така оценив дека сега е време да се постигне договор за меѓусебно признавање на двете земји, напиша Мета на Фејсбук. 

Додава дека на средбата била истакната важноста на Берлинскиот процес, како и на сите други иницијативи кои можат да придонесат за регионалната и европската интеграција на регионот.