Метеоролог пронајден мртов на планина во БИХ

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во Бјелашница БИХ, е пронајдено безживотно тело на метеоролог, по кој се трагаше неколку дена.

Во изминатите денови се организираа потраги по исчезнатото лице, но поради лошата временска состојба, густата магла и намалената видливост и силен налет на ветер, потрагата беше отежната.

Метеорологот исчезнал на почетокот на неделава, одејќи кон работното место, во опсерваторијата Бјелашница.

Последен пат бил виден во вторникот околу десет часот како оди кон врвот каде што е опсерваторијата. Откако не му одговорал на повиците на неговиот соработник кој го чекал за да му ја предаде смената, алармирана била планинската служба.

Во пoтрагата биле вклучени неколку спасувачки служби, и после три дена е пронајдено неговото безживотно тело.