Претседателката на Европскиот парламент Роберта Мецола денеска во Брисел изјави дека 2025 година ќе биде исклучително важна и клучна за ЕУ, наведувајќи ја како една од причините што Унијата ќе мора да види како да продолжи да гледа со оптимизам кон проширувањето.
Мецола им рече на новинарите, по пристигнувањето на состанокот на Европскиот совет, дека во 2025 година ЕУ ќе мора да направи чекор погоре.
„Да направиме пробив за тоа каде е нашата позиција во светот, како да продолжиме да ја поддржуваме Украина, како да се погрижиме Молдавија да не биде во темнина во јануари, како да обезбедиме да не го напуштиме народот на Грузија. Како тие се борат за својот европски пат и како да продолжиме да гледаме со оптимизам кон проширувањето, бидејќи ако не отстапиме, ќе се појават некои други“, рече Мецола.