Екс-шефот на УБК, Сашо Мијалков најверојатно не остана на својот кажан збор.
„Со бегање проблемите не се решаваат“, посочи Мијалков.
Од вчера попладне не е достапен за органите на прогонот. Последно екипата на ТВ21 го затекна во локалот Дистрикт во хотелот Мериот околу 14 часот. Имаше средба со поранешниот градоначалник на Аеродром, Ивица Коневски, кој денеска вели дека нема информации каде се наоѓа Мијалков.
За премиерот Заев ова е уште едно разочарување по она за бегството на Груевски. Вели дека нема политички договор, а доколку не биде пронајден ќе бара и одговорност.
„Апсолутно нема политички договор, јас сум среќен што како прв во извршната власт сме обезбедиле услови во време после режим после плачкање на државата со сите бесни пари, со сите влијанија и моќи е организиран правен процес кој што еве финишира“, истакна Зоран Заев.
A, правниот процес ќе финишира в петок со пресуда за случајот „Таргет-тврдина“, но најверојатно без главниот актер да ја слушне во живо.
Инаку синоќа, а и денеска пред куќата на Мијалков на Водно голем број на полициски единици го обезбедуваат просторот, единици на ЕБР има и кај хотелот Мериот.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кој пак се соочува со „закани“ за негова смена токму од т.н „Мериот коалиција“ бара оставки.
„Одамна реков, мафијата има своја држава. Нема дно кое не го пробија. Оставка на Владата веднаш!“, истакна Христијан Мицкоски.
Инаку, доколку се потврди дека Мијалков избегал, ќе биде четврти кој истото го направил од обвинетите од СЈО. Пред него на листата се Никола Груевски кој ужива азил во Будимпешта, а неколкуте барања за екстрадиција негова екстрадиција се одбиени.
Во Грција се наоѓаат и двајцата разузнавачи Грујевски и Бошковски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ: