Мијалков излегува од притвор? – Одбраната тврди дека покрај барањето за ослободување, дадена била и гаранција од 7 милиони евра

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Екс директорот на УБК, Сашо Мијалков добил позитивно мислење од Обвинителството за гонење на Организиран криминал и корупција на барањето за излегување од притвор, пренесува телевизија Телма.

За телевизијата од прес службата на Кривичниот суд истакнале дека се уште не е комплетиран предметот со позитивното мислење на судот и дека веројатно нема да има одлучување.

Одбраната на Мијалков тврди дека со барањето за ослободување од притвор поднесена била и гаранција во недвижности со вредност од седум милиони евра. Доколку Мијалков избега, кауцијата ќе биде запленета од државата.

Инаку, Мијалков е во истражниот затвор Скопје од 23-ти февруари, а досега беа донесени и две првостепени пресуди за затворска казна во времетрање од 12 и 8 години.