Мијалков: Не го наредив прислушувањето – Јанкуловска не знаела дека се уништува опрема за прислушување

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Над 22 илјади лица евидентирани преку апликацијата за самопопишување

 Вкупно 22.253 лица се евидентирани преку апликацијата за самопопишување. Податокот, како што стои на веб страницата на Државниот завод...

Протоколи за попис – „Не е проблем влегувањето дома, ако се почитуваат мерките“

Директорот на Институтот за јавно здравје воедно и член на Комисијата за заразни болести Шабан Мемети за ТВ21 ги...

Кривична пријава за две лица – во 2018 година ја оштетиле Клиничката болница Битола за 600 илјади денари

Секторот за внатрешни работи Битола до Основното јавно обвинтелство Битола, поднесе кривични пријави против З.Л.(67) од Битола, поранешен в.д....

Кривични пријави за две лица од Скопје и Кичево – насилно влегле во домот на 72-годишна жена и ја ограбиле

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Е.А.(25) од Кичево и против М.Д. од Скопје, поради постоење основи на сомнение...

Жителите на Лока блокирани со недели – рушење на објект го затвори селскиот пат

Поради рушење на овој објект, жителите на селото Лока, Сарај, се блокирани со недели. Полицијата не дозволува мештаните да поминуваат...

Екс шефот на УБК, Сашо Мијалков негира дека го наредил прислушувањето и уништувањето на два системи за следење на комуникацијата. Мијалков рече дека на сите одржани седници во овие 3 години за Таргет – Тврдина, никогаш ниту со материјални ниту вербални докази, обвинителството не потврдило такво нешто.

„И тоа не е точно, јас не сум имал можност и привилегија да давам такви наредби. Никогаш никому, ни писмено но усно, сум дал наредба да изврши какво било дејствие во насока на следење на комуникации. Во текот на постапката исто така видовме дека нема ниту еден доказ за такво нешто. Еден датум, за конкретна личност или телефонски број, прислушувал со моја наредба, не видовме на ова судење“, истакна Сашо Мијалков.

Во своето сведочење, Мијалков ја спомна и тезата дека во земјава имало и други системи за прислушување, објаснувајќи дека во 2014 една израелска компанија во неговата канцеларија во МВР презентирала опрема за прислушување која кога ја приклучиле било утврдено дека во Македонија се прислушува и надвор од УБК.

Пред Мијалков сведочеше екс министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска. Одговорноста за уништувањето на опремата за прислушување им ја префрли на членовите на комисијата на УБК, комисијата за која таа самата потпиша да се формира, но без да ја знае целта на дејствијата на членовите на комисијата, рече Јанкуловска.

„Како целосно рутинска работа, одлуката беше испратена кај мене без никаква забелешка, индикации, комплетирана како што треба дека е во целосна согласност со тоа што го бара УБК и беше потпишана“, вели Гордана Јанкуловска.

Јанкуловска потврди дека таа не била известена дека во земјава се прислушува на илегален начин. Тоа го дознала од СЈО кога започнала истрагата за случајот. Според обвинението, преку три системи за прислушување на комуникациите во УБК, во периодот од 2008 до 2015, 4286 телефонски броеви биле мониторирани на противзаконски начин за што не биле издадени судски налози, а обвинети за незаконското прислушување се Сашо Мијалков, Гордана Јанкуловска (која беше донесена во суд од затворот во Идризово), Горан Грујевски кој е во бегство и три други лица од УБК.