Мијалков не се сеќава на ништо за „Монструм“, Алексовски имал информации за вооружена група

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Сашо Мијалков повторно во суд, но овој пат да сведочи за „Монструм“. Иако, во 2012 година кога се случи настанот, беше шеф на УБК, на прашање на обвинителката Фатиме Фетаи одговори дека не се сеќава на ништо.

Од друга страна, Синиша Алексовски, советник за национална безбедност во кабинетот на поранешниот претседателот, Ѓорге Иванов, во текот на сведочењето, рече дека полицискиот службеник, Зоран Трајковски, го информирал дека низ една планина во нашата земја се движи вооружена група и можат да нападнат некоја полициска станица. Но информацијата на Трајковски, според Алексовски било усно и не бил потврдена.

„Секогаш пред празниците, се водат стандардни оперативни постапки за собирање информации во врска со терористички напади од екстремисти кои можат да нападнат верски објекти. Доаѓаат информации од полициски службеници, војници и овластени лица од БЈБ. На една од нив, имав информација од полицијата, од службеникот Зоран Трајковски, кој ми рече дека вооружена група, се движи низ планините и може да нападне некоја полициска станица. Но беше усна информација а не во пишена форма.“, рече Алексовски.

Сведочењето на Синиша Алексовски, за адвокатот Насер Рауфи, покажува дека во „Монструм“ има грешки од почеток, бидејќи беше оценето како исламски тероризам.

Адвокатката, Дафина Ивановска, рече дека новите сведоци не кажале ништо за да се смени правецот на предметот.

За „Монструм“ денеска се очекуваше да сведочат Муса Џафери и Блерим Беџети, но судечкиот совет одлучи со нивното сведочење да се продолжи на 10 март.