Миланов: Исказот на Нинџа е деградиран до крајни можни граници, не може да биде основа за осудителна пресуда

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Наскоро ќе користиме банани за управување со видео игри

Компанијата „Сони“ поднелa барање за патент наречен „систем и метод за генерирање на кориснички внесови за видео игри“, кои...

Не ја користете левата рака, не одбивајте овошје, не го солете јадењето… 7 работи кои треба да ги избегнете во други држави

За да не излезете дека сте непристојни во некои држави кога патувате низ Светот, добро е да знаете некои...

Што се случува со телото кога секој ден ќе истрчате по 1,5 километри?

Трчањето е физичка активност која или ја обожавате, или ја мразите. Но, оваа активност има свои предности за здравјето....

Растурена свадба и затворен ресторан во Тетово

Во Тетово вечерва е затворен хотел и растурена е свадба, јавуваат од Државниот пазарен инспекторат, пренесува „Плус Инфо“. Полицијата го...

Коневски: Му посакуваме на Мицкоски што побрзо да оздрави и потоа да даде отчет пред делегатите

Екс градоначалникот на Аеродром Ивица Коневски го повика сегашниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски да даде отчет за сработеното...

Адвокатот на одбраната во случајот „27 април“ Еленко Миланов смета дека исказот на единствениот сведок на Обвинтелството, Александар Василевски – Нинџа е дискредитиран и не може само врз основа на него да се донесе осудителна пресуда.

„Од она што јас досега го видов во оваа постапка, мислам дека единствениот доказ на Обвинителството, Александар Василевски Нинџа е деградиран до крајни можни граници и сметам дека неможе да биде основа за една осудителна пресуда само со тој исказ“, изјави Миланов во пауза на денешното рочиште.

Во изјава за медиумите, Миланов оцени дека процесот досега регуларно се одвива и оти сведоците на денешното рочиште покажале што реално се случило на 27 април 2017 година во Собранието.

„Митко Чавков беше јасен и дециден дека никогаш ниту имал комуникациија ниту се познава, а за лицето Александар Василевски Нинџа знае само од полициските извештаи околу неговите криминални дејствија. Тој ја објасни постапката и постапувањето на полицијата на тој ден и дека без отворање на вратите, ништо немаше да се случи во Собранието што според неговото тврдење, а верувам и општо познато е дека тоа било изненадување и за самите полициски службеници кои биле на лице место“, рече Миланов.

Полициските сили кои биле поставени на 27 април, рече Миланов, без отворање на вратите, би можеле да спречат било каков поголем инцидент.