Тренерот Благоја Милевски денеска на прес конференцијата на стадионот „Ренцо Барбера“ истакна дека тие се подготвени и очекуваат одличен настап.
„Подготвени сме, не сме тука случајно и очекуваме да прикажеме одличен настап. Сè уште не сме на нивото на Италија, но ќе направиме сè што можеме утре за да бидеме подобри. Ќе им кажам на моите играчи да излезат на теренот и да уживаат. Атмосферата е одлична, ќе го дадеме максимумот да направиме позитивен резултат“ рече тренерот Милевски.
