Неколку милиони корисници на WhatsApp ќе останат без апликацијата до крајот на овој месец. Луѓето кои користат малку постари мобилни телефони би можеле да останат без популарна апликација поради оперативните системи што ги има нивниот мобилен телефон.
„Сан“ наведува дека WhatsApp ќе престане да работи за луѓе кои користат iPhone што не е ажуриран на софтвер iOS 9 или понов. Корисниците на Андроид кои немаат оперативен систем 4.0.3 или понов исто така ќе бидат засегнати.
Ако имате iPhone 4 или постар модел, нема да можете да ажурирате на понов софтвер. Некои уреди со Android, како Motorola Droid Razr и Samsung Galaxy S2, исто така, сè уште работат на застарен софтвер.
Ако имате стар телефон, можеби ќе сакате да се обидете да го надградите до најновиот можен софтвер.
Корисниците на Apple мора да отворат Поставки, потоа „Општо“ и „За“ за да видат која верзија на софтверот ја користат. На Android, треба да отидете во „Поставки“, а потоа „За телефонот“.
WhatsApp ќе ги извести корисниците на кои им е потребна надградба.
ПРОЧИТАЈТЕ И:
- Дневен хороскоп за недела (20. декември 2020)
- Во страв од третиот бран на пандемијата пристигна предупредување: „Носете маски на Божиќниот ручек“
- Вака денес изгледа момчето од фотографијата која го расплака целиот свет во 2016 година
- Еднаш во 800 години: Фантастичен феномен на небото што ќе можеме да го видиме на 21 декември
- Најплатениот јутјубер во 2020 година има само 9 години
- Токио: Моторџии облечени како Дедо Мраз во знак на протест против злоставувањето на деца (ВИДЕО)
- Фејсбук привремено оневозможи некои функции на Месинџер и Инстаграм
