Поминаа скоро пет години откако во светот се појави фотографија од дански хуманитарец и тригодишно момче од Нигерија.
Нефранетото и болно момче Хоуп од Нигерија денеска е пораснато и здраво момче.
Потресната фотографија која од темел го промени светот ја прикажува хуманитарката Ања Ринггрен Ловен која му дава вода на мало дете. Фотографијата за кратко време го обиколи светот, а набргу потоа беа собрани два милиони долари за да му се помогне на детето.

Хуманитарката го однела малото момче во камп, каде му била укажана потребна помош, а неговата здравствена состојба била толку лоша што не се знаело дали ќе преживее.
Малиот Хоуп бил оставен од родителите на пат, каде со денови талкал гладен и болен, а се претпоставува дека бил напуштен затоа што неговите родители биле убедени дека тој е волшебник.

Хуманитарката Ања одлучила да го вдоми малото момче и да му овозможи нов живот. Таа му дала и симболично име Хоуп (надеж), а по него ја нарекла и новата хуманитарна организација Land of Hope која се грижи за други напуштени деца во Нигерија.
Малиот Хоуп денеска е здраво и весело момче. Има седум години, оди во училиште и е талентиран за цртање.
За него велат дека е мал Пикасо и дека некои од неговите слики се веќе продадени.
