Пратеникот од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски на прес конференција истакна дека не може предлог законот кој Владата го доставила до Собранието да се повлече без претходно да се донесе одлука за повлекување.
„Не може Оливер Спасовски сам да достави парче хартија кое нема легитимитет и е злоупотреба на неговата позиција, спротивно на Деловникот на владата и да побара повлекување без владина одлука. Ова ќе биде тест дали во Македонија функционираат институциите, бидејќи ваквото фалсификување на одлуки кои се донесуваат во Собранието во име на владата се спротивни на законот“ порача Милошоски.
Тој рече дека никој не го спори правото на предлагачот да повлече предлог закон, но треба да се постапува според Деловникот, со нов дневен ред на владата.
