Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и член на извршниот комитет на партијата, Антонио Милошоски во емисијата „10 минути“ го прашавме дали има двојно државјанство или пак пасош од некоја друга земја.
Тој вели дека никогаш немал ниту пак има намера да има било какво друго државјанство освен македонското.
„Освен македонското државјанство никогаш сум немал ниту пак имам намера да имам било какво државјанство бидејќи македонското државјанство е мојата лојалност и мојата политичка определба“, рече Антонио Милошоски во емисијата „10 минути“ на ТВ21.
Милошоски додава дека во 2015 година при акција кога во една куќа беа пронајдени апарати за фалсификување на документи, вели дека тогаш имало обид да се направат фалсификати за одредени лица во ВМРО-ДПМНЕ.
„Но, во 2015 година не знам дали се сеќавате со господинот т.н Чауш кој што е пријател на господинот Заев и се откри во една куќа како имаат одредени апаратури за произведување на фалсификувани лични карти и фалсификувани патни исправи, односно пасоши. Тогаш мислам дека СДСМ имаше обид за некои политичари од ВМРО-ДПМНЕ да штанца двојни пасоши од некои држави кои ги ставаат во негативен контекст, но ќе повторам сметам дека секој политичар во Република Македонија, треба јавно да обзнани и тоа би требало да е достапно за граѓаните дали има или нема двојно државјанство, а што се однесува до мене, задоволен сум што имам досега и понатаму само македонското државјанство“, рече Антонио Милошоски во емисијата „10 минути“ на ТВ21.
