Министерството за правда денеска требаше да го достави предлог Законот за јавно обвинителство до Влада а веќе утре да влезе во собраниска процедура, но одлучија да и остават уште една можност на опозицијата да се вклучи во процесот на донесување на законот.
„Законот за Јавното обвинителство се изготвуваше долг временски период во Министерството за правда, од работната група во која што учествуваа домашни експерти, научната јавност, јавни обвинители, но исто така и странски експерти и дури странски јавни обвинители кои што даваат сугестии и мислења за одредени прашања поврзани со Законот. Законот е се уште на маса и доколку ВМРО-ДПМНЕ сака да учествува во процесот, тогаш нека подготви амандмани на овој текст – се останато е алиби за недонесување на законот“ се вели во реакцијата од Кабинетот на минстерката за првда Рената Дескоска
