Министерката Шахпаска објаснува кои родители се ослободени од работа

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска во интервју за ТВ21 објаснува кои родители се ослободени од работа.

Ние не сме промениле ниту една мерка за тоа кои родители треба да се вклучат, а кои не, важи истата одука која беше донесена. Прво, градинките беа затворени со одлука на Владата во месец март, потоа на 7 јули Владата донесе одлука за родителите коишто имаат деца во школска возраст од 6 до 10 години да се вратат во работниот процес поради тоа што тече летниот распуст, тие родители и сега се на своите работни места. Единствено излезени од работниот процес се родителите, односно еден од двата родители, коишто имаат деца, од 0 до 6 години. Тие не одат на работа и ги чуваат своите деца“, посочува Шахпаска.

Таа додаде дека со почетокот на работата согласно протоколите и согласно влезниот критериум, приоритет за слободни места во градинките имаат самохраните родители или двата родители на кои работата не им дозволува работа од дома.