И министерот за образование, Јетон Шаќири и градоначалникот на Тетово, Биљал Касами, на првиот училиштен ден посетија исто училиште. Основното училиште Наим Фрашери е ново во Тетово. Таму прв пристигна министерот кој е од редовите на ДУИ, Шаќири, а после еден час пристигна и градоначалникот на Тетово Биљал Касами. Иако не се сретнаа, двајцата дадоа многу ветувања за училиштата и образованието,но ниту Шаќири ниту Касами не го знаат точниот број ученици кои оваа учебна година се запишале во основните и средни училишта и дали има намалување на бројот на ученици.
-Годишните статистики ги немам, но последниве години имаме пад во споредба со паралелките и учениците кои имаат помал број ученици, причина може да биде миграцијата но една од причините може да биде и демографското движење. И во Скопје има многу демографско движење што може да се направи во одредени општини и движење од рурална во урбана зона, тие се причините, вели министерот за образование и наука, Јетон Шаќири.
Градоначалникот на Тетово, Биљал Касами смета дека МОН е виновник за намалениот број уписи во средните училишта бидејќи критериумите се многу високи. Ниту Касами не го знае точниот број ученици кои следат настава во Тетово.
-Точниот број ученици го немам, бидејќи имаме проблем што е многу актуелен и во средните училишта кои се пријавиле на конкурс не го пополниле бројот и таму Министерството треба да има соодветен одговор. Доколку МОН нема одговор, ние треба да ги распоредиме учениците бидејќи средното образование е задолжително со закон и учениците конкурирале во школите и не го пополниле бројот врз основа на поените што ги имале, ние треба да ги систематизираме, истакна градоначалникот на општина Тетово, Биљал Касами.
Многу паралелки, особено во руралните зони се со по 3 или 5 ученици.
Во гимназијата “7 Март“ до третиот уписен рок се запишале само 25 ученици. До минатата година оваа гимназија имала 12 паралелки.
