Министерот Љутков предупредува: Без ребаланс на буџетот, уметниците остануваат без плати од јули

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, предупредува дека без усвојување на ребалансот на буџетот, уметниците и другите ресори нема да земат плати од јули натаму.

Во интервју за ТВ Сител, тој објаснува дека буџетот е веќе потрошен и сега со ребалансот се бараат средства за плати до крајот на годината. Љутков предлага нов модел за финансирање на културата, спортот и образованието, со пренаменување на еден денар од акцизата на нафтените деривати за секоја од овие области.

Ова би значело дополнителни 15-16 милиони евра годишно само за културата, кои би се користеле за програми и капитални инвестиции.