Министерот Тошковски стана татко по трет пат – доби син!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на својот Фејсбук профил информираше дека станал татко по трет пат.

По двете ќерки, овој пат Тошковски доби син.

„Со особена радост сакам да споделам дека вчера станав татко по трет пат. После две прекрасни ќерки, нашето семејство го збогативме и со син. Голема радост и благодарност за овој благослов“, пишува Тошковски.